Најновиот „preview build“ на Microsoft за програмерите во рамките на Windows Insider програмата пристигнува со поддршка за новата функција.
Целта на функцијата наречена „suggested actions“ е едноставна. Откако ќе се избере одредена содржина, Windows 11 може да предложи или препорача серија акции што може да се направат побрзо.
Корисникот ќе може да бира телефонски број, по што оперативниот систем нуди мал прозорец што се појавува и започнува повик. Слични препораки ќе се појават при избор на датум или време.
Развојот на препорачаните акции е сè уште во рана фаза, така што нема гаранција дека оваа функција ќе биде достапна за корисниците во блиска иднина. Идеите што Microsoft ги тестира на својот програмерски канал немаат конкретен датум на објава.
Компанијата истакнува дека Dev каналот најчесто се користи за експериментирање со нови функции, кои на крајот може да бидат одбиени пред официјалното јавно објавување.



