Фотографијата направена од роверот Curiosity на површината на Марс наводно покажува нешто што наликува на врата, а снимката повторно ја отвори дебатата за тоа дали има живот на Марс.
Верувањето дека интелигентен живот постои на други планети со години е предмет на дебата, а некои веруваат дека е можно вонземски живот да постои на друго место во вселената воден од принципите на веројатност.
НАСА спроведе многу истражувања во обид да најде индиции кои одредуваат дали постои или не некоја интелигентна цивилизација на планетите во близина на Земјата.
Во оваа прилика протагонист е Марс поради неколкуте фотографии направени со камерата Mastcam на роверот Curiosity, кој повеќе од една деценија е на Црвената планета.
A door on Mars, the image shared by a NASA rover https://t.co/KvH1dhtI8W
— World News Italy (@WorldNewsItaly) May 15, 2022
Фотографиите се направени на 7 мај и се чини дека прикажуваат врата совршено издлабена на карпестата површина на планетата. Иако ова предизвика изненадување на социјалните мрежи и форумите како Reddit, каде луѓето зборуваа за тоа дали фотографијата е доказ за постоењето на вонземјани, НАСА даде научно објаснување за овој интересен феномен.
Научниците на НАСА наведуваат дека постоењето на „волшебната врата“, како што некои ја нарекоа, е резултат на сеизмички движења кои се случуваат и на нашата планета. Експертите велат дека земјотресите на Марс се многу чести и дека „портата“ е резултат на расцепување на карпите по земјотресот што се случи на 4 мај.