Компанијата Van Geest Design дизајнираше нов концептуален тримаран инспириран од куќите од стар Рим.
Станува збор за тримаранот Domus, именуван по латинскиот збор што значи „куќа“. Дизајнерите ја избраа римската ера за инспирација поради чувството на престиж што го дава на нивното пловило, но и поради тоа што древниот дизајн е познат по пространата внатрешност.
Концептот Domus е развиен во партнерство со ирската компанија Rob Doyle Desing. Споменатиот тримаран е долг 39,6 метри, а нуди двојно повеќе внатрешен простор од катамаран со иста големина.
Тримаранот е поврзан со централниот атриум, а целото пловило нуди простор од 789,6 квадратни метри благодарение на внатрешноста поделена на две палуби. Тримаранот има шест кабини, вклучително и две за сопствениците. Внатре има простор дури и за кино, салон, бар, теретана, базен и спа.
Domus ќе биде „првата јахта без емисии на гасови која ќе тежи повеќе од 750 тони“. Ќе користи комбинација од сончева енергија, хидрорегенерација и технологија на водородни горивни ќелии. На хартија, преку ден ќе собира вишок сончева енергија за да може да се користи во текот на ноќта.
Тримаранот има и едра, па може да плови со помош на ветрот. Дизајниран е да се навалува под агол од два степени, што значи намалување на отпорот и постигнување поголема брзина и економичност.
Се чини дека тримаранот е погоден за световите на луксуз и издржливост. Domus можеби никогаш нема да излезе од концептната фаза, но дефинитивно е доказ дека тримараните можат да послужат како импресивни едрени комплекси со употреба на обновливи извори на енергија.