Се вели дека повторувањето е мајка на мудроста, а од аспект на создавањето позитивни и здрави навики, тоа секако дека има своја основа. Loop Habit Tracker е прекрасна апликација од отворен код која помага да се формираат и одржуваат навиките…
Постојат голем број студии кои се обиделе да утврдат колку време навистина е потребно за да се формираат навики (по можност позитивни и здрави), а прифатено е дека се потребни околу два месеца за да се формира навика (иако тоа зависи од различни параметри).
Но, едно е сигурно, тајната за создавање на навиките всушност лежи во постојаното повторување. Токму тука доаѓаат до израз апликациите како Loop Habit Tracker. Станува збор за убаво дизајнирана апликација од отворен код која е специјализирана за помагање при создавањето и потоа задржувањето на новостекнатите здрави навики. Целата работа е релативно лесна за користење.
Преку минималистичкиот, но убаво дизајниран интерфејс, треба да ги внесете навиките што сакате да ги усвоите (или кој било друг тип на повторувачка задача), а Loop ќе се погрижи да ве извести навреме кога некоја задача навистина треба да се спроведе. Истовремено, прецизно ќе следи колку е „силна“ некоја навика, односно колку редовно се изведува (дури има и специјално дизајниран алгоритам за тоа).
Статистичкиот увид е исто така многу корисно дизајниран и дава увид во напредокот на усвојувањето на новите и задржувањето на веќе стекнатите навики, а тука се и некои други убави додатоци како виџетите. Loop Habit Tracker е потполно бесплатен и нема скриени ограничувања, ниту се прикажуваат реклами, но е достапен бесплатно исклучиво за паметните телефони со Android.


