Софтверскиот гигант Microsoft има намера да го зачува пазарот на физички игри, во ерата во која владеат исклучиво дигиталните конзоли.
Microsoft поднесе барање за нов патент, систем кој ќе им овозможи на играчите да користат друг уред (постара конзола Xbox или компјутер) за да ја потврдат сопственоста на физичка игра, а потоа да добијат лиценца за дигитално играње на насловот, без физички диск.
Ова може да им биде од помош на оние гејмери ќе ја купат Xbox Series S конзолата, бидејќи овој уред поддржува само дигитални игри и нема диск драјв.
Не е познато дали овој метод би им овозможил на корисниците да имаат постојана лиценца за дигиталните игри или лиценцата би истекла по одреден временски период. Не е познато ни дали системот за верификација ќе бара екстерен диск драјв и што би се случило со дискот по добивањето на дигитална лиценца.
Иако има некои прашања кога станува збор за плановите на Microsoft за овој патентиран систем, делува дека повеќе е ориентиран кон корисниците за разлика од оригиналните планови на Microsoft за Xbox One.