Кризата со коронавирус беше надополнета со недостиг од понуда и работна сила, проследено со инфлација, зголемување на каматните стапки, војната во Украина и нов бран на пандемијата во Кина. Сето тоа доведе до неблагодарна ситуација за многу производители на електроника, па велат, биле принудени да ги зголемат цените. Индустријата за чипови, од која зависи целата електронска индустрија, почна со поскапувањата.
Големите клиенти веќе известија дека Samsung Electronics, најголемиот светски производител на чипови, ги зголемува влезните цени за 15 до20 проценти, во зависност од комплексноста на производот. Samsung ги одржуваше цените релативно стабилни во текот на изминатата година, додека другите поскапуваа, па овој потег беше донекаде очекуван, но и неизбежен. Bloomberg објави дека најскапите чипови ќе се базираат на постари технологии, а новите цени ќе се применуваат од втората половина на годината, откако ќе завршат преговорите со купувачите.
EXCLUSIVE: Samsung is talking with foundry clients about charging up to 20% more for making semiconductors https://t.co/i3RsjOMglb
— Bloomberg (@business) May 13, 2022
Покрај Samsung, зголемување на цените најавија и TSMC и UMC. Нивните клиенти добија известувања за поскапувања во среден до повисок едноцифрен процент, но ова не им е прв пат – слично поскапување направија и пред неколку месеци, а и минатата година. На тој начин, TSMC ги поскапи своите производи за 20% во текот на минатата година, а сега цените ќе бидат зголемени за уште 5 до 8 отсто. UMC треба да ги поскапи своите чипови за околу 4% само овој квартал.
Поскапувањето на чиповите директно ќе влијае на натамошното поскапување на цените на уредите во кои се вградуваат, од мобилни телефони и лаптопи, конзоли за игри, па се до апарати за домаќинство или автомобили.