Apple Watch Series 6, Fitbit Sense и Polar Vantage V се покажаа како изразито несигурни кога станува збор за следење на потрошувачката на калории, посебно кај поединците кои имаат поголема или помала дневна потрошувачка од просечниот човек.
Корисниците на паметни часовници се добро запознаени со функцијата за следење калории. Некои дури и ја користат бројката како веродостојна мерка, посебно кога се обидуваат да добијат или да изгубат тежина.
Но, истражувањето објавено на почетокот на оваа година покажа дека паметните часовници се речиси бескорисни во следењето на потрошувачката на калории. Имено, 30 здрави машки и женски испитаници ги користеле Apple Watch Series 6, Fitbit Sense и Polar Vantage V.
Носејќи ги овие паметни гаџети, испитаниците кревале тегови, трчале, возеле велосипед, оделе, па дури и седеле. Истражувачите ги користеле Polar H10 сензорот за отчукувањата на срцето и спироергометарот MetaMax 3B како референтни уреди.
По опсежното тестирање, се испостави дека Apple Watch, FItbit Sense и Polar Vantage V се прилично лоши во следењето на калориите во речиси сите активности. Покрај тоа, просечното отстапување од вистинската дневна потрошувачка била крајно непредвидливо и доста варирало, па може да се каже дека наведените паметни часовници во следењето на калориите се бескорисни.
За подобро разбирање на резултатите, Stronger By Science направи детална табела што ја приложуваме подолу.
Интересен е и фактот дека потрошувачката на калории што ја покажувале паметните часовници најмногу отстапувала кај поединците кои имале помала или поголема потрошувачка од просечниот човек. Сепак, Apple Watch беше доста сигурен во следењето на отчукувањата на срцето во сите активности, додека Polar Vantage V и Fitbit Sense малку „киксираа“, во зависност од вежбата. Сите овие уреди се покажале добри во следењето на чекорите, што секако е позитивно.