Вселенскиот телескоп Hubble на NASA продолжува да импресионира, откако креираше уште една фотографија од галаксијата наречена Малиот сомбреро (Little sombrero) позната како NGC 7814 или Caldwell 43. Галаксијата го добила името по мексиканската капа, која потсетува на нејзиниот изглед.
Галаксијата е оддалечена околу 40 милиони светлосни години од Земјата, широка е 80.000 светлосни години и стара милијарди години. На фотографијата на Малиот сомбреро се гледа сјајна централна „испакнатина“, тенок диск полн со прашина и сјаен ореол од гас и ѕвезди.
Сепак, тоа не е единствената галаксија именувана по капата, бидејќи тука е и галаксијата Сомбреро, која е оддалечена 28 милиони светлосни години од Земјата. Изгледа поголема од Малиот сомбреро, но всушност има иста големина, со тоа што Сомбреро изгледа поголема бидејќи е поблиску до нашата планета.
Take a look at a galaxy edge-on with @NASAHubble. 🔭
Set against a backdrop of remote galaxies, the Little Sombrero galaxy (NGC 7814) features a bright central bulge, a thin disk full of dust, and a glowing halo of gas and stars. 🌌
Learn more HERE: https://t.co/PT4HzeJI9O
— NASA Marshall (@NASA_Marshall) May 12, 2022