WhatsApp продолжува да работи на развојот на својата апликација, а новитетот што пристигнува ќе ги ослободи корисниците од одредени непријатности.
WhatsApp претходно најави дека бројот на членови во групните разговори ќе се зголеми на 512, најавени беа реакции на пораки и пренос на поголеми фајлови, а сега фокусот е јасно на дискрецијата.
Новитетот што WhatsApp го тестира е укинувањето на известувањата за напуштање на групата. Во иднина, известувањето ќе го добиваат само администраторите, а не сите членови на групата.
Многумина ќе признаат дека сакаат да напуштат одредени групи, но не го прават тоа бидејќи тоа би го забележал секој член од групниот разговор. Сепак, новото ажурирање на апликацијата ќе ја олесни оваа ситуација.
Засега не се знае точно кога функцијата ќе пристигне, ниту на која платформа најпрвин ќе се појави – iOS или Android, но секако ќе претставува олеснување.