Следните два преклони смартфони на Samsung ќе пристигнат некаде во втората половина од годината, а во најновиот извештај на The Elec се наведува дека Samsung Electronics го почнал масовното производство на основните компоненти за Samsung Galaxy Z Fold 4 и Galaxy Z Flip 4. Покрај тоа, Samsung ќе почне да ги склопува флексибилните уреди веќе кон редината на јуни.
Извештаите проценуваат дека Samsung планира да произведе повеќе од 10 милиони смартфони на преклоп. Се очекува дека 70% проценти од нив би можеле да бидат модели на Flip, додека 30 отсто од таа бројка би требало да бидат идните Galaxy Fold уреди.
Се разбира, ова се само претпоставки бидејќи реалните проценки за производството нема да бидат објавени до јули. За референца, Z Flip 3 од 2021 година сочинуваше 65 проценти од уредитена преклоп на Samsung, додека 35% беа Z Fold 3.
Samsung Display ќе го зголеми и својот производствен капацитет за склопливи модули на дисплеи. Samsung ќе се прошири од 7 на 10 производни линии во својата фабрика во Виетнам со надеж дека ќе произведува два милиони дисплеј модули месечно во споредба со претходно произведените 1,4-1,5 милиони примероци.
Се проценува и дека новите Galaxy уреди на преклоп ќе имаат 15 проценти профитна маржа во споредба со приближно 20% од маржата на тековната генерација на уреди на преклоп. Ова е направено за цените да бидат подостаони и на тој начин уредите да бидат подостапни за потрошувачите.
Samsung очекува дека ќе може да испорача над 10 милиони флексибилни уреди до крајот на оваа година, а таа бројка означува удел од 1 процент од глобалната продажба на паметни телефони во светот.