Сондата повеќе нема да испраќа податоци и фотографии за научни цели на Земјата, InSight веќе подолго време постепено губи енергија поради акумулираната површина на неговите соларни панели.
Во наредните месеци се очекуваат снимки од „потемно“ небо, една од причините е количината прашина во воздухот, што не оди во прилог на сондата.
Соларните панели на InSight некогаш создаваа околу 5.000 Wh енергија секој марсовски ден, што е доволно енергија електрична печка да работи час и 40 минути. Но, овие денови панелите можат да произведат само 500 Wh енергија по марсовски ден, доволно за најмногу 10 минути работа на електрична ечка.
Научниците на NASA веруваат дека сеизмометарот на роверот повеќе не ќе може да работи до крајот на летото, со што ќе бидат прекинати неговите научни активности. Единствен спас за InSight би било отстранување на 25% од прашината на панелите, така би продолжиле научните активност.
InSight е на Марс од 2018 година и досега собра информации за потреси на Марс, кои помогнаа научниците да соберат податоци за длабочината на кората на Црвената планета и јадрото.