Технологијата ELEAP се претставува како решение за сите овие проблеми, па би можела дури и да го реши проблемот или барем да го намали потенцијалот за „burn in“, со користење помалку електрична енергија во секојдневната работа. Дали сето ова на крајот ќе биде вистина, останува да видиме кога ќе се појават првите телевизори со eLEAP OLED панели. Се што претпоставуваме во моментов е дека ќе бидат многу скапи.
Компанијата Japan Display штотуку претстави целосно нов начин на производство на OLED телевизорите. Според порталот Techradar, новиот производствен процес ветува двојно поголема осветленост на екранот со огромни подобрувања во енергетската ефикасност. Значи, идеално за новите мобилни уреди кои би добиле подобрен дисплеј со продолжено траење на батеријата.
Детали за новата тахнологија
Познат под името eLEAP, овој начин на производство на OLED екрани ќе донесе и продолжен животен век. Според проценките на Japan Display, eLEAP OLED дисплеите би можеле да траат до три пати подолго од сегашните панели, дури и со значително повисоки нивоа на осветленост на екранот.
Најдоброто од сè е што ова не е едно од теоретските решенија што функционира во контролирани лабораториски услови. Japan Display е во преговори околу почетокот на производство на eLEAP OLED екрани до крајот на оваа година. Оваа технологија може да се произведува во сите OLED погони до осмата генерација, што би донело и намалување на цените на овие скапи производи.
Најголемата предност на eLEAP технологијата на производство е „соодносот на отворот на блендата“, што претставува зголемување во однос на просторот во секој стар пиксел, кој може да се користи за пропуштање на светлината. Колку е поголем овој простор, толку повеќе светлина пропушта, што носи подобрена осветленост на екранот и други технички карактеристики. Илустрацијата можете да ја видите на сликата подолу:
Без проблеми
Актуелните OLED телевизори, како LG C2, пружаат најдобри бои, одличен контраст, како и речиси идеално ниво на црната боја, што во целина дава одлична слика. Сепак, релативно ниско ниво на максимална осветленост, посебно во споредба со QLED моделите, како и пократкиот животен век во однос на класичните LED телевизори со потенцијал за „burn in“ се едни од најголемите недостатоци кои досега не се успешно решени.


