Сондата Voyager 1, која американската вселенска агенција NASA ја лансираше во вселената пред 45 години, има проблем кој сè уште е мистерија за научниците на Земјата.
Voyager 1 продолжува со мисијата и покрај сите години и тоа на оддалеченост од 23,3 милијарди километри. И понатаму прима и извршува команди кои се испраќаат на NASA, исто така собира и испраќа научни податоци.
Но, отчитувањата на системот за артикулација на висината и контролниот систем кој ја контролира ориентацијата на вселенското летало во вселената не се совпаѓаат со оние на кои што Voyager моментално работи. Споменатиот систем обезбедува антената на сондата да остане насочена кон Земјата за да може Voyager да ги собере податоците на NASA.
Поради меѓуѕвездената локација на Voyager, на светлината се потребни 20 часа и 33 минути да патува во една насока, така што повикот и одговорот на една порака меѓу НАСА и Voyager трае два дена. Досега, тимот на Земјата веруваше дека системот и понатаму работи, но отчитувањата се невозможни. Сепак, проблемот не предизвика нешто што би го активирал безбедносниот мод на вселенското летало.
Интересно е што сигналот на Voyager и понатаму е силен како и поран. Што значи дека неговата антена е насочена кон Земјата. Тимот се обидува да открие дали овие неточни податоци доаѓаат директно од инструментот или ги предизвикува друг систем.
„Додека не се разбере подобро природата на проблемот, тимот не може да знае дали тоа ќе влијае на сондата и колку долго може да собира и испраќа податоци, ваквата мистерија на некој начин е вообичаена во оваа фаза од мисијата“, вели Сузан Дод, водач на проектот Voyager 1 и 3 во Лабораторијата на НАСА во Пасадена, Калифорнија.
Ако во некој случај не се пронајде решение, тогаш научниците едноставно ќе треба да се адаптираат, а можно е проблемот да се реши со промена на софтверот.
Извор: Klix.ba