Компанијата OnePlus официјално го претстави новиот член од Nord серијата паметни телефони.
Се работи за моделот Nord 2T, првиот смартфон што го користи новиот процесор Dimensity 1300 на MediaTek, кој исто така има стапка на освежување на екранот од 120 Hz и поддржува брзо полнење од 80 W.
Nord 2T е вистинскиот наследник на Nord 2, носејќи клучни подобрувања во три сегменти. Тоа се процесорот, селфи камерата и брзината на полнење на батеријата.
Nord 2T е првиот телефон со DImensity 1300 процесорот на MediaTek, изграден на 6nm процес на TSMC, и има едно јадро Arm-Cortex A78 со такт од 3 GHz, три дополнителни A78 јадра кои работат на 2,6 GHz и четири A55 јадра за заштеда на енергија кои работат на фреквенцијаод 2GHz. Единицата на графичкиот процесор е Arm Mali-G77 MC9.
Уредот поседува 6,43-инчен AMOLED екран со FHD+ резолуција, додека стапката на освежување изнесува 90 Hz. Панелот е заштитен со Gorilla Glass 5 стакло, а во перфорираниот засек на екранот е сместана селфи камера од 32 MP.
Одзади е главната Sony IMX 766 камера со 50 MP, а има и ултраширок сензор од 8MP и монохроматски од 2 MP.
Смартфонот го користи OxygenOS 12.1 на Android 12, а се напојува со батерија од 4.500 mAh која поддржува полнење од 80W SuperVOOC.
OnePlus Nord 2T е достапен во Jade Fog и Grey Shadow варијанти на бои.