Флексибилните уреди наидоа на многу добар интерес кај публиката, посебно ако преклопувањето е хоризонтално во стилот на поранешните преклопни уреди како Motorola Razr. Малку носталгија, малку мода и малку вистинска функционалност се главните адути на овие телефони, се разбира, со оној „види што можам“ момент кога ќе го расклопите веднаш откако ќе го извадите од џеб.
Од Samsung се очекуваат новите смартфони на преклоп – Galaxy Z Flip4 и Fold4, а пред публиката би требало да се најдат во текот на август оваа година. Засега немаше премногу информации за овие уреди, но сега Galaxy Z Flip4 се појави на сајтот Geekbench и позната е една од главните спецификации на овој уред.
Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1+
Samsung го избра најбрзиот Qualcomm процесор кој се уште не е официјално претставен како чипсет за својот претстоен уред Galaxy Z Flip4. Според порталот Wccftech, а според информациите од инсајдерот Ice Universe, овој телефон ќе работи на Snapdragon 8 Gen 1+ процесор и 8GB RAM.
Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1+ е изработен во процесот на производство на TSMC од 4 nm, има едно Cortex X2 јадро на 3,19 GHz, три Cortex-A710 јадра на 2,75 GHz и четири Cortex-A510 јадра на 1,8 GHz.
Breaking!
Galaxy Z Flip4 Geekbench 1277/3642
Snapdragon 8 Gen1+ TSMC 4nm
3.19GHz X2+2.75GHz A710+1.8GHz A510 pic.twitter.com/2I7yEGY0mY— Ice universe (@UniverseIce) May 19, 2022
Резултати
Овој паметен телефон, судејќи според фотографијата објавена на социјалната мрежа Твитер од Ice Universe, постигнал резултат од 1277 во еднојадрени операции и 3642 во операции со повеќе јадра. На пример, Samsung Galaxy Z Fold3 со Snapdragon 8 Gen 1 во Geekbench тестот постигна околу 1050/3160 поени.
Сепак, сè уште нема информации за капацитетот на батеријата или автономијата на овој уред, што е исто толку важно за корисниците како и сировите перформанси. Официјално ќе треба да почекаме до август, но сметаме дека пред тој рок ќе се појават неофицијални информации.