Оперативните системи Windows XP и Vista поддржуваа виџети. Можеа да се стават аналоген часовник, календар и многу други работи на десктоп за зголемување на продуктивноста и разубавување на работната околина. Сепак, нив ги немаше долго време и некако се откажавме од нивното враќање.
Промена на стратегија
Иако речиси па засекогаш се простивме од Windows виџети, компанијата Microsoft почна со тестирање на најновиот Insider Preview Build 25120, во кој се најдоа нови интерактивни виџети.
Во моментов е можно да се испроба само еден единствен интерактивен виџет, а се работи за лента за пребарување, која е можно да се постави на произволна позиција на работната површина на екранот. Ова многу потсетува на сличната лента за пребарување, кое веќе некое време е присутна во рамките на Android оперативниот систем.
Само Edge
Секако, оваа лента за пребарување ги прикажува резултати во рамките на Microsoft Edge пребарувачот, па доколку сакате да ја користите морате да се привикнете на неа. Во овој момент не е можно да се користи ниту еден друг пребарувач со овок виџет, дури ни доколку користите Chrome или Opera.
Весник на промена
Во овој момент, Windows 11 поддржуа користење на виџети, но само на одредено место во рамки на панелот, кому можете да му пристапите само од taskbar. Не е можно да се преместат на работната површина, ниту да се користат во било кој друг контекст.
Не е познато дали ова ќе им стане достапно на сите корисници, бидејќи Microsoft тврди дека е во прашање само експеримент. Секој вид на дополнително прилагодување на оперативниот систем на сопствените потреби е чекор во добра насока.


