Компанијата Google отвори нов кампус во Калифорнија кој го има најголемиот геотермален систем за ладење и греење во Северна Америка. Компанијата проценува дека овој систем ќе заштедува околу 90 проценти од водата која би се користела за ладење од страна на компанијата. Ќе се користи рециклирана вода и дождовница за сè освен за пиење.
Кампусот е револуционерен и на други начини. Покривот му е прекриен со соларни панели, а во близина има ветерници. Овие обновливи извори треба да произведуваат доволно електрична енергија за целиот кампус за околу 90 отсто од времето.
Од компанијата соопштија и дека секоја работна маса во кампусот ќе има поглед кон надвор, а вентилацијата ќе користи само надворешен воздух.
Во кампусот има две кујни со седум кафулиња и над 17 акри природен предел.