Шведската компанија H&M и институт од Хонгконг одлучија да ги поместат границите на одржливата мода и развија нова техника со чија помош памучните ткаенини ќе фаќаат стакленички гасови од воздухот, а со цел модната индустрија да има свое влијание врз климата.
Пилот-проектот се спроведува од вработени во ресторан во Стокхолм кои носат нов памучни престилки со кои фаќаат јаглерод диоксид од воздухот.
Текстилната индустрија има голем јаглероден отисок поради што модните џинови се под се поголем притисок тоа да го решат.
Истражувачкиот Институт за текстил и облека од Хонгконг (HKRITA) разви раствор кој содржи амин за третирање памук, влакна, преѓа или ткаенина, која потоа делува така што памукот го привлекува јаглеродниот диоксид во себе, го задржува и потоа го стабилизира и го складира на површината на ткаенината.
„Маицата може да апсорбира околу една третина од она што дневно апсорбира едно дрво“
Извршниот директор на HKRITA, Едвин Кех вели дека неговиот тим бил инспириран од техниките за ограничување на емисиите кои се користат во оџаците на термоелектраните на јаглен.
„Многу електрани мора да прочистат што е можно повеќе јаглероден диоксид од воздухот пред да го испушатат гасот. Мислевме, зошто да не се обидеме да го реплицираме тој хемиски процес на памучно влакно?“, додаде Кех.
„Маицата е во состојба да апсорбира отприлика третина од она што дневно го апсорбира дрвото“, вели Кех.
„Капацитетот на фаќање не е превисок, но ова е прилично едноставно и евтино за производство, а мислиме дека постојат полно потенцијални примени“, вели тој.
Престилките се произведени од производителот на H&M од Индонезија, користејќи постоечка опрема за тој третман.
Престилките по употребата се загреваат на 30-40 степени Целзиусови и тогаш го испуштаат CO2 во стакленка, каде гасот го преземаат билки.