Намалувањето на изложеноста на штетни материи е тренд во сите индустрии, вклучително и во тутунската, која разбирајќи ги актуелните трендови, работи на промени, вели Дерек Јак, поранешен претставник на Светската здравствена организација законтрола на тутунот и глобалната стратегија за исхрана и физичка активност.
Сепак, постои голем скептицизам кога станува збор за искренитенамери на тутунските компании, што според мислењето на овој експерт, е сосема оправдано: „Па, јас бев еден од нивните најголеми противници. Реалноста, сепак, е поинаква. Ако ги погледнеме трендовите во светот пошироко, очигледно е дека тутунската индустрија ги следи трендовите на намалување на штетноста. Гипогледнав научните факти и сфатив дека е можно да се извлечатпридобивки за јавното здравје од производите од новата генерација. Беше многу тешко, но ги надминав сопствените предрасуди“.
Дерек Џек верува дека треба да ги слушаме научниците и другите експерти кои развиле нови технологии за да обезбедат алтернативиза пушењето. Станува збор за производи кои содржат никотин, ноиспуштаат драстично помалку потенцијално штетни материи вооднос на цигарите бидејќи нема согорување, туку тутунот сезагрева. Сепак, само технологијата не е доволна, потребна е и желбата на пушачите да се откажат од цигарите.
Американската агенција за храна и лекови (ФДА) го класифицираше IQOS, еден од оние производи што го загреваат тутунот, во категоријата „производи со модифициран ризик“. „Јак заклучувадека владите и другите институции ширум светот треба да го следатФДА и да донесуваат одлуки врз основа на научни докази“, бидејќи неподготвеноста и незнаењето предизвикуваат катастрофални последици.