Apple конечно би можел да имплементира Always-On дисплеј на претстојните модели на iPhone 14 Pro и Pro Max.
Според Марк Гурман од Bloomberg, Apple би можел да ја претстави долгоочекуваната функција во рамките на новиот оепартивен систем iOS 16. Ова ќе им овозможи на новите iPhone уреди да прикажуваат ограничен број информации дури и кога екранот е заклучен.
Гурман истакнува дека Always-on верзијата за iPhone би можела да работи слично како кај Apple Watch Series 5 и поновите модели – iPhone 14 Pro и Pro Max ќе го намалат фрејмрејтот на заклучениот екран кога е овозможен Always-On режимот, што овозможува заштеда на енергија додека екранот е вклучен.
Не е познато дали новите iPhone модели ќе го користат истиот LTPO дисплеј како и поновите Watch модели. Овие екрани кои помалку трошат играат голема улога во овозможувањето на правилната работа на Always-on режимот, бидејќи се креирани за да спречат уредите да трошат премногу енергија.
Се очекува Apple да претстави уште некои интересни промени за време на претстојната WWDC конференција, која ќе се одржи на 6 јуни. Тоа се мултитаскинг опциите за iPad, слободно менување на големината на прозорците на уредите, некои апликации ќе бидат преработени и многу повеќе.