На листата на 25 најмодерни одбори на директори, избрани од магазинот Fortune, се наоѓаат и лидерите на една тутунска компанија – Филип Морис Интернешнл (ФМИ).
Во објаснувањето на уредникот на магазинот Fortune за рангирањето на компаниите се наведува дека се воделе од брзината на адаптацијата на новонастанатата деловна клима. „Со оглед на тоа што компаниите се стремат да поттикнуваат промени кога станува збор за стратегии за привлекување таленти, различноста, одржливоста и социјални прашања, потребно им е поразновидно лидерство на самиот врв. Но, им требаат и согледувањата и силата кои доаѓаат со искуството“, пишува во образложението.
Иако е познат како дистрибутер на голем број брендови на цигари, во последните години ФМИ стана компанија која ја воведе најголемата иновација кога станува збор за потрошувачката на тутун, со што ја направи целосната трансформација на целата тутунска индустрија. Тутунскиот гигант повеќе од една деценија го развиваше IQOS, уредот кој го загрева, а не го согорува тутунот, давајќи им на милиони пушачи ширум светот избор да се одлучат за помалку штетна алтернатива за пушењето. Од неговото лансирање во 2014 година, повеќе од 20 милиони пушачи почнаа да користат IQOS. Во јули 2020 година, Управата за храна и лекови на САД го класифицираше IQOS како производ со „модифициран ризик“, објаснувајќи дека научните студии покажуваат дека целосната транзиција од цигари кон системот IQOS „ја намалува изложеноста на телото на штетни и потенцијално штетни материи“ и дека неговата употреба е во согласност со принципите на јавното здравје.
На оваа листа, која е објавена за прв пат годинава, се наоѓаат и компании како Microsoft, Intel, Hewlett Packard Enterprise, Amazon, PayPal и други.