Германскиот производител на автомобили BMW во Кина воспоставува шема на рециклирање на своите отфрлени батерии од електричните автомобили. Една батерија од 100 kW h содржи околу 90 килограми никел, литиум и кобалт. Овие суровини главно можат да се реупотребат за нови ќелии, а со тоа се штедат ресурси и се намалуваат емисиите на јаглерод диоксид (CO2) за 70 проценти.
Кина е најголемиот глобален пазар на електрични автомобили и се очекува да генерира околу 780.000 истрошени батерии до 2025 година. Властите ги обврзале производителите да воспостават систем на следливост со цел да се осигура дека батериите можат да се рециклирааат. Регионалниот шеф на BMW изјави за медиумите дека ефикасносто користење на ресурсите е императив, не само поради влијанието врз животната средина туку и поради драматичниот раст на цените.