Европската вселенска агенција ги објави податоците снимени од Solar Orbiter за време на својата мисија, кога се приближи до Сонцето како ниедно друго вселенско летало досега.
За време на својот прв „близок контакт“ со Сонцето, Solar Orbiter откри неверојатни податоци дополнети со фотографии и филмови за моќни факели и зачудувачки соларни столбови. Нејзината мисија, лансирана од Европската вселенска агенција, дава нови сознанија за магнетното поле на Сонцето и влијанието што Сонцето го има врз неговата околина.
Според ЕСА, неговиот најблизок контакт со Сонцето се случил на 26 март. Во таа прилика леталото се наоѓало во орбитата на Меркур, а термометрите на штитот на леталото забележале температура од околу 500°C.
Топлинскиот штит, кој беше направен специјално за потребите на заштита од високи температури, има најсовремена технологија која ја разградува топлината и го одржува леталото за непречено функционирање.
Заедно, мерните инструменти на ESA и NASA снимаат податоци во близина на Сонцето, вклучувајќи ги и сончевите ветрови. Овие податоци се вредни за научниците бидејќи со нивна помош можат да ги поврзат настаните од Сонцето и настаните што се случуваат во непосредна близина на Orbiter, кој се наоѓа неколку милиони километри оддалечен од неговата блескава површина.
Меѓутоа, кога се приближил до Сонцето за време на перихелот, дошол до подетални податоци со помош на инструменти за далечинско набљудување. Покрај сончевите блесоци, предмет на проучување му е исфрлањето на короналната маса кон Земјата, како и фотографирањето на комети.
„Сликите навистина го одземаат здивот“, рече главниот истражувач со EUI инструментот, Дејвид Бергман, од Кралската опсерваторија во Белгија.
Инструментот со кој управува Дејвид има задача да прави фотографии со висока резолуција во долните слоеви на атмосферата на Сонцето, наречени корона. Според него, ова е регионот во кој се одвиваат најмногу сончеви активности, кои се поврзани со просторот и времето, односно со четиридимензионален континуум.
Следен чекор на научниците е да ги разберат собраните податоци, што, како што велат, не е лесна задача. Работите дополнително се комплицираат со фактот што Solar Orbiter открива големи активности во мал обем, па кога не можат да препознаат што се случило – научниците ги проверуваат снимените податоци од претходните истражувања во потрага по одговор.
Интересното нешто што беше забележано за време на овој перихел е карактеристиката што научниците ја именуваа како еж. Причината за ова име лежи во фактот што забележаниот феномен со пречник од 25.000 km содржи шила од топли и ладни гасови, кои зрачат во сите правци – налик на еж.
Примарна задача
Проучувањето на врската помеѓу Сонцето и хелиосферата останува примарна цел, а за да се комплетира сликата ќе треба да ги следат резултатите од инструментите кои ги мерат и следат настаните на површината на Сонцето, како и во неговата близина.
Следењето на честичките што се враќаат на Сонцето по линиите на магнетното поле не е лесна задача. Сите овие настани се снимени на далечина поради сложената магнетна средина околу Сонцето. Но, како што наведуваат истражувачите, колку повеќе се приближува Solar Orbiter, толку оваа работа ќе биде полесна.
Сегашните резултати од мисијата ветуваат нејзин успех во иднина, со дополнение дека ниту едно вселенско летало никогаш не му се приближило на Сонцето како Solar Orbiter.