Целта на Samsung за 2022 година беше да произведе 310 милиони паметни телефони, но благодарение на инфлацијата, недостигот на чипови и општата криза, тоа нема да се случи
Според новиот извештај на корејскиот весник Maeil Economic Daily, Samsung ќе произведе дури 30 милиони смартфони помалку во 2022 година отколку што претходно се очекуваше. Трите главни фактори за намалување на производството се зголемената инфлација, недостатокот на компоненти и војната во Украина.
Оваа одлука не вклучува само дел од смартфоните на Samsung, туку апсолутно сите модели, од оние најевтините, па се до флегшип и најскапите модели. Да потсетиме, компанијата првично планираше да произведе 310 милиони паметни телефони во 2022 година, а сега планира да произведе 280 милиони.
Samsung не е единствениот производител на смартфони во проблеми, па така и Apple очекува стагнација на продажбата оваа година. Според Bloomberg, годинава Apple „нарачал“ околу 220 милиони iPhone уреди од снабдувачите, што е речиси исто количество, како и во 2021 година.