Samsung Galaxy Z Fold4 треба да биде наследник на минатогодишниот модел Galaxy Z Fold3. Сега се појавија можните спецификации на овој флексибилен уред.
Следната генерација Galaxy Z Fold не е мистериозен уред. Веќе се појавија рендери кои ни даваат увид во изгледот на телефонот. Сега дојавувачот Јогеш Брар ги откри спецификациите на смартфонот.
Според извештаите, Samsung Galaxy Z Fold4 ќе има внатрешен 7,6 инчен QXGA+ AMOLED екран со стапка на освежување од 120 Hz, како и 6,2 инчен HD+ AMOLED екран однадвор, со иста стапка на освежување.
Уредот ќе работи со најновиот чипсет Snapdragon 8+ Gen 1, во комбинација со 12GB или 16GB RAM и 256GB или 512GB простор за складирање податоци. Samsung очигледно не планира да претстави 8GB варијанта на телефонот.
Samsung Galaxy Z Fold4
– Inner: 7.6" QXGA+ AMOLED, 120Hz
– Outer: 6.2" HD+ AMOLED, 120Hz
– Snapdragon 8+ Gen 1 SoC
– 12/16GB RAM
– 256/512GB storage
– Rear Cam: 50MP + 12MP (UW) + 12MP (3x)
– Inner Cam: 16MP (UD)
– Outer Cam: 10MP
– Android 12, OneUI
– 4,400mAh battery, 25W— Yogesh Brar (@heyitsyogesh) May 30, 2022
Кога станува збор за камерите, се очекува главен сензор од 50 MP, ултраширок од 12MP и телефото сензор од 12 MP (3x) на задната страна на телефонот. Внатрешната предна камера под екранот ќе има сензор од 16MP, додека надворешната ќе има 10MP.
Телефонот ќе работи на оперативниот систем Андроид 12, со корисничкиot интерфејс OneUI на Samsung. Уредот ќе се напојува од батерија од 4400 mAh, со поддршка за брзо полнење од 25 W.
Се очекува Samsung да ги претстави Galaxy Z Fold4 и Z Flip4 за време на претстојниот настан Unpacked.