Во претходните години, мобилниот гејминг забележа рекордна експанзија, а гејмерите рекордно трошеа пари за купување на мобилни игри.
На оваа состојба на пазарот дополнително влијаеше и пандемијата, па се предвидува дека гејмерите ќе потрошат околу 136 милијарди долари на игри на телефони во 2022 година. Тоа е рекорд, бидејќи гејмерите играчите досега не потрошиле толку многу на мобилни игри.
Веќе неколку години наназад, мобилните игри бележат експоненцијален раст, како според бројот на играчи, така и според заработката, односно трошење пари на содржина во овие игри.
Само за споредба, во текот на 2019 година, играчите потрошиле не помалку од 60 милиони долари на мобилни игри. Аналитичките компании предвидуваат дека мобилниот гејминг ќе донесе најмалку 136 милијарди долари во 2022 година.
Севкупно гледано, игрите за Android и iOS сочинуваат 61% од глобалниот пазар на видео игри. Само во првиот квартал од оваа година, мобилните гејмери неделно трошеа 1,6 милијарди долари неделно.
Од друга страна, не забави ни гејмерскиот пазар за компјутери и конзоли, а се предвидува заработка од 42 милијарди и 40 милијарди долари. Вкупно гледано, индустријата за видео игри во текот на 2022 се очекува да има вкупна вредност од околу 222 милијарди долари.