Складирањето и анализата на гласот на корисникот би можеле значително да го подобрат искуството за користење на виртуелниот асистент на компанијата, Google Assistant
Во последните месеци, Google напорно работи на подобрување на своите апликации и функции, а една значајна иновација наскоро би можел да добие нивниот виртуелен асистент, Google Assistant.
Имено, 9to5Google направи опсежна анализа на Android апликацијата на Google, според која е откриено дека Google Assistant ќе ја добие функцијата Personalized speech recognition, благодарение на која ќе може да го складира и препознава гласот на корисникот.
Се наведува дека складирањето и анализата на гласот на корисникот значително ќе го подобри времето на одговор и точноста на Google Assistant, како и понапредното препознавање на командите и имињата на контактите, како на пример, повиците.
Но, бидејќи оваа функција предизвикува загриженост за приватноста, се верува дека Google ќе им овозможи на корисниците сами да изберат дали да користат персонализирано препознавање на гласот или не. Засега не е познато кога функцијата ќе биде достапна за користење.