Истражувачи од Австралија ја открија најголемата позната билка на Земјата, морска трева која се протега на скоро 180 километри и од Менхетн е трипати поголема. Резултатите се објавени во Proceedings of the Royal Society B.
Научници од Универзитетот во Западна Австралија и Универзитетот Флиндерс открија морска трева со латински назив Posidonia australis во плитките води покрај брегот на Австралија. Веднаш почнаа со проучување на билката, настојувајќи да откријат колку различни билки има на заливот Шарк, 831 километар северно од Перт.
Со помош на генетско тестирање е утврдено дека големата подводна ливада долж брегот на западна Австралија всушност е една билка која се проширила од едно семе во текот на период од најмалку 4500 години.
Новооткриената подводна ливада, на која истражувачите наишле случајно, покрива околу 200 квадратни километри. Научниците собрале примероци и испитале 18.000 генетски маркери за да создадат генетски профил на секој примерок.
Научниците сметаат дека билката е екстремно отпорна бидејќи е изложена на широк распон на температури и голема количина светлина, што за повеќето билки претставува многу стресно опкружување.
Извор: Klix.ba



