Македонски Телеком го носи уникатниот настап на музичката ѕвезда Били Ајлиш пред македонската публика со директен пренос на своите дигитални канали
Специјалниот перформанс на Ајлиш ќе се одржи на 1 јуни од 20:00 часот, а македонските фанови ќе можат да го следат на следните дигитални канали: MaxTV GO, интернет страницата (https://www.telekom.mk/billie-eilish.nspx), како и на Телеком профилот на Facebook (https://www.facebook.com/TelekomMK) и на Телеком YouTube каналот (https://www.youtube.com/user/tmobilemk).
За сите оние љубители на музиката на Ајлиш коишто пак сакаат случувањето да го следат на голем екран за целосно доживување на концертната атмосфера, Телеком обезбеди пренос и на дигиталниот билборд на Плоштад Македонија во Скопје.
Повеќекрактно наградуваната пејачка, во рамките на веќе етаблираната музичка платформа Telekom Electronic Beats, на 1 јуни, во салата на Telekom Forum, во Бон, Германија, ќе го одржи својот прв европски настап во живо, ексклузивно пред само 2.000 гледачи, со што ќе го означи стартот на својата светска турнеја „HAPPIER THAN EVER, THE WORLD TOUR“.
Наградените македонски фанови меѓу публиката во Бон
За оваа прилика, Македонски Телеком обезбеди наградно патување и влезници за двајца за ексклузивниот перформанс и тоа за петтемина најкреативни учесници коишто одговорија на предизвикот објавен во првата половина на мај.
Според пропозициите, потребно беше на социјалните мрежи Instagram и Tik Tok, во пост, стори или видео, да бидат споделени приказни на учесниците на темата како технологијата помогнала да го направат светот подобро место или како помогнала да откријат некој свој талент, да научат нешто ново или да помогнат некому…
За предизвикот имаше голем интерес и беа доставени многу интересни идеи, а креаторите на најдобрите приказни се веќе во Бон и ќе бидат дел од овој специјален перформанс на Били Ајлиш.
Им посакуваме незаборавни моменти.