Минатиот месец се појавија првите детали за претстојниот електричен автомобил на Huawei кој ќе го носи името AITO M7. Тогаш протекоа и првите слики од овој автомобил, но сега компанијата ја објави првата официјална фотографија од овој автомобил.
Huawei и SERES на големо се подготвуваат за претставувањето на новиот SUV – AITO M7. Huawei го нарекува овој автомобил „луксузен паметен голем електричен SUV“, а сега кинеската компанија ја објави првата фотографија од овој автомобил. На фотографијата забележуваме всушност се што беше откриено и на фотографиите во живо. Пред се, очигледно е дека автомобилот ќе има сличен дизајн како неговиот претходник. AITO M7 ќе биде достапен во тркала со пет и десет краци. За жал, Huawei не откри никакви спецификации за автомобилот.
Сепак, некои детали беа откриени претходно, како на пример дека AITO M7 ќе има шест седишта. Автомобилот ќе користи комбинација од 1,5 T за проширување на опсегот + мотор, а откриено е дека потрошувачката на гориво ќе биде 1,05 L / 100 km. Се пренесува дека Huawei ќе понуди опции за надградба на AITO M7, како што се проѕирни сивкасто затемнети стакла итн.
Димензиите на автомобилот изнесуваат 5020 мм x 1945 мм x 1775 мм додека меѓуоскиното растојание е 2820 мм. Автомобилот тежи 2340 кг.
На сајтот на AITO веќе има страница за поддршка AITO M7, што значи дека автомобилот треба да биде претставен многу наскоро. Всушност, се шпекулира дека тоа би можело да се случи до крајот на годината, бидејќи Huawei почна со продажба на AITO M5 EV дури во третиот месец оваа година. Се очекува во наредните денови и недели да дознаеме уште попроверени информации за овој автомобил.