Онлајн кредитите ви овозможуваат да го завршите целиот процес на подигање кредит, од аплицирање, преку одобрување и исплата на средствата, без воопшто да ја посетите филијалата на банката. И сето тоа благодарение на развојот на новите технологии кои носат новини и во банкарството.
Денес сите банки нудат кредити и можност за аплицирање за нив по пат на интернет. Но сепак, за да се одобри кредитот потребно е доставување документација и на крај лично присуство во банка за потпишување на договорот за заем. Една од банките која нуди вистински онлајн кредит, каде сè се одвива по електронски пат, е Халкбанк.
Во продолжение прочитајте кои се предностите на онлајн кредитирањето и зошто е добро да го одберете овој нов производ од Халкбанк.
Брзо аплицирање и одобрување од секаде ширум светот
Сè што ви треба за да подигнете онлајн кредит во Халкбанка е да сте примател на плата или пензија во банката и да сте корисник на електронско/мобилно банкарство. Се логирате, пополнувате апликација на табот „online производи“ и за помалку од 5 минути имате одобрен кредит!
Достапни се 24/7
Аплицирањето за онлајн кредит е достапно за клиените на Халкбанк 24/7. Можете да аплицирате од кој било дел од светот и во кое било време. Сè што ви е потребно е само паметен уред и интернет конекција.
Електронско потпишување договор
Договорот за користење Online кредит од страна на клиентот и Банката се потпишува во електронска форма, со двојна авторизација, со употреба на VASCO токен (e-signature) функционалност со Cronto image.
Заштеда на печатење на хартија и грижа за животната средина
Речиси секоја сфера од нашиот живот е преполна со хартија – од тони официјална документација на работа до трудови од факултет, па дури и менија во ресторани или брошури на секој штанд заинформации. Сите овие документи се печатат, се користат, се фрлаат и ако имаме среќа, се рециклираат. Ако не, тие едноставно се претвораат во отпад. Халкбанк, чија што стратешка цел е во континуитет преку низа општествено одговорни акции да придонесува за подобрување на животната средина, постојано води сметка да ја подигне свеста кај јавноста и да овозможи со нејзина поддршка, заедничко зачувување на природата и нејзините богатства.
Еден од начините е фактот што за новиот производ – онлајн кредит, се избегнува непотребното печатење на документација, затоа што целиот процес на аплицирање, се одвива онлајн.
Ниска и фиксна каматна стапка
Каматната стапка на онлајн кредитите во Халкбанк е фиксна за целиот период и изнесува 5,5%. Максималниот износ кој можете да го подигнете е 300.000 денари, а отплатата е до 60 месеци.
Без провизија за обработка, без провизија за предвремена ликвидација и без трошоци за апликација за кредит, онлајн кредитот од Халкбанка е брз, едноставен и безбеден, и вистински избор за тебе!