Не е тајна дека сензорите на камерите во мобилните телефони напредуваат со рапидно темпо. Пред само неколку недели се појави новиот сензор на Samsung, ISOCELL HP1 со резолуција од импресивни 200 MP. Но, таквата резолуција е само еден од важните параметри што влијае на квалитетот на сликата. Не треба да ја заборавиме големината на самиот сензор, отворот, напредните функционалности како фазен автофокус и многу повеќе.
Сепак, колку и да е добра камерата во еден мобилен телефон, објективната состојба на работите е што таа едноставно не може да се спореди со фотоапаратите DSLR. За професионалците тоа е рај и земја, но за просечниот корисник паметен телефон е сосема доволен за секојдневно фотографирање. Барем така беше досега.
]
Според Теруси Шимизу, извршен директор на Sony Semiconductor Solutions, квалитетот на фотографиите направени со паметни телефони ќе ги надмине оние направени со SLR фотоапарати (рефлекс камера со една леќа). Според порталот PetaPixel, Шимизуа изјавил дека „Очекуваме дека фотографиите од мирни објекти направени со паметни телефони ќе ги надминат по квалитет оние направени со SLR камери“.
Причини за таквите тврдења
Теруши Шимизу тврди дека главната причина за ваквите тврдења е напредокот што редовно се прави во комбинацијата на големината на сензорот на камерата, поголем отвор на бленда, како и обработката на фотографијата присутна на мобилните телефони.
Sony очекува големината на флегшип сензорите да се удвои до 2024 година, што заедно со подобрувањата на ISP (image signal procesor) ќе доведе до ваков развој на настаните.
Дополнителни предвидувања
Сепак, тука не е крајот на оптимизмот поврзан со камерите на мобилните телефони. До 2025 година се очекуваат значителни подобрувања во снимањето видео преку поширока употреба на снимање 8K, подобрување на технологијата за „multi-frame processing“ за подобрена имплементација на HDR, како и далеку подобра обработка со вештачка интелигенција.
Што донесува 2030 година?
Оваа година, според тврдењата на Теруши Шимизу, би можела да донесе широка имплементација на перископ леќите заедно со подобрување на обработката на сликата со вештачка интелигенција за фотографии со уште подобар квалитет.
Дали зборовите на Шимизу се точни ќе покаже времето. Технологијата напредува, а камерите на паметните телефони не се исклучок. Дали ќе престигне и некои типови на камери… Тоа е прашање за иднината.