Messenger апликацијата на компанијата Meta е многу популарен начин за остварување гласовни и видео повици кај корисниците ширум светот. Сега измената во дизајнот ќе овозможи полесно пронаоѓање на копчињата за повици.
Meta додава таб за гласовни и видео повици во лентата за функции на дното на апликацијата. Новиот таб ќе се појави веднаш до табовите „Chats“, „Stories“ и „People“ и ќе се отвори во листата со корисничките контакти, заедно со посебните копчиња за гласовни и видео повици.
Се работи за суптилна промена, но во прашање е потег што Messenger ќе го направи во апликацијата за пораки и повици во стилот на WhatsApp. Според компанијата, гласовните и видео повици во Messenger пораснале за 40 проценти од почетокот на 2020 година.
Компанијата планира и да ја направи end-to-end енкрипцијата стандардна за Facebook и Instagram до крајот на 2023 година. Компанијата додаде и голем број AR ефекти во своите видео повици, дозволувајќи им на корисниците да експериментираат со филтри, маски и анимации.