По објавата на некои главни функции, како што се групни анкети или WhatsApp Premium, WhatsApp конечно работи на една опција на која се чекаше со години.
WhatsApp се фокусира на развивање на неколку функции кои ќе го подобрат испраќањето пораки, а една од нив е модификацијата на текстуалните пораките, кои ќе се најдат во идното ажурирање на апликацијата.
Интересно е што споменатата функција веќе беше најавена пред пет години, но WhatsApp ја укина по само неколку дена. Конечно, популарната услуга повторно го развива копчето за уредување текстуални пораки.
https://mobile.twitter.com/WABetaInfo/status/1531754660553535490?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1531754660553535490%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Ftehnopolis%2Fvesti%2Fwhatsapp-dobija-opciju-na-koju-se-cekalo-pet-godina-2164528
Тоа значи дека во иднина, корисниците конечно ќе можат да ги променат грешките што ги направиле во процесот на пишување порака, откако пораката ќе ми биде испратена. Засега не е познато дали ќе има историја на промени во пораките, но бидејќи функцијата се уште е во развој, можно е оваа опција да биде додадена.
Моментно нема информации за тоа кога копчето за уредување текст би можело да биде достапно за сите корисници. Познато е дека WhatsApp ја тестира опцијата во бета за Android, но се работи на тоа да се овозможи и за iOS и за десктоп бета верзиите на апликацијата.