Xiaomi 12 серијата допрва треба да го добие својот долгонајавуван член. Станува збор за моделот Xiaomi 12 Ultra, кој ќе биде најскапиот и најдобриот модел од Xiaomi 12 серијата . Досега дознавме многу детали за овој телефон, а новите информации однесуваат на дизајнот и материјалите на овој уред.
Познатиот кинески дојавувач Digital Chat Station објави неколку детали за дизајнот и материјалот на Xiaomi 12 Ultra на социјалната мрежа Weibo. Тој наведе дека смартфонот ќе прстигне во две бои. Првиот ќе биде црн со полиран кожен капак, додека вториот ќе биде бел со текстуриран керамички стаклен заден дел. Керамички дизајн имаше и Xiaomi Mi 11 Ultra, кој беше претставен минатата година.
Што се однесува до другите детали за уредот, сигурно најголемо внимание ќе привлече партнерството на Xiaomi со Leica за оптимизација на камерата на Xiaomi 12 Ultra . Пред неколку дена Xiaomi ја потврди својата „долгорочна стратешка соработка“ со Leica. Компанијата откри дека заедно со Leica работат на развој на нов флегшип кој ќе биде претставен во седмиот месец оваа година, а тоа се однесува на Xiaomi 12 Ultra.
Досегашните рендери укажуваат на тоа дека телефонот ќе има огромен кружен модул за камера на задната страна, кој ќе содржи најмалку три камера сензори.
Дополнително, беше откриено дека Xiaomi 12 Ultra би можел да има заоблен 2К екран со отвор на врвот, во кој ќе биде сместена предната камера. Стапката на освежување на екранот ќе изнесува 120 Hz и ќе доаѓа со поддршка за HDR 10+. Телефонот наводно ќе има и батерија од 4860 mAh со поддршка за брзо полнење од 120 W и брзо безжично полнење од 50 W, како и поддршка за 5G kонекција.