Просечната старост при која возилата имаат најголема загуба во вредност е од 20 до 23 години. Сепак, различни марки на автомобили ја достигнуваат својата најниска вредност во различни периоди.
Porsche, Jeep и Mini се трите марки на автомобили кои со текот на годините губат најмалку по вредност, додека Chrysler, Audi и Seat најмногу губат во вредност, според веб-платформата carVertical.
За да утврдат кои марки на автомобили губат најмногу во вредност со годините на употреба, експертите од автомобилската индустрија на платформата анализираа повеќе од 72 милиони податоци за периодот од 2019 до 2022 година во Европа, САД и Австралија.
Истражувањето покажа дека кога се споредува најниската пазарна вредност на автомобилот и неговата почетна цена, Porsche (64,4 проценти), Jeep (84,4 проценти) и Mini (85,5 проценти) се трите марки кои најмалку губат во вредност. Така, на пример, Porsche ќе изгуби 64,4 проценти со текот на годините, додека Lexus ќе изгуби 89,9 проценти од вредноста.
Меѓу возилата кои задржуваат добар дел од вредноста се потрадиционалните марки како Hyundai и Toyota. Овие возила се поевтини и обично нудат помали трошоци за одржување, што ги прави попосакувани кај купувачите на половни автомобили, е еден од резултатите на истражувањето.
Додека некои луксузни брендови како Jaguar, Land Rover и Lexus обично не губат многу во вредност, не е секогаш случај марките на луксузни автомобили да губат повеќе во вредност отколку попристапни брендови.
Автомобилите кои изгубија најмногу вредност низ годините се Chrysler, Audi и Seat . На пример, новиот Chrysler ќе изгуби 96,8 проценти од својата вредност со текот на времето (во просек 25 години), со што ќе стане бренд што губи најмногу вредност на пазарот. Иако потрошувачите ги сакаат Infiniti, BMW и Volvo, нивната вредност значително се намалува со текот на времето.
За споредба, автомобилите на Toyota ги достигнуваат своите најниски вредности на 19 години, а BMW на 21 година. Сепак, возилата на Toyota губат околу 88,7 отсто од вредноста, а на BMW 93,8 отсто.
Извор: Zimo.hr