Eгипетското Министерство за туризам и антиквитети претстави голема количина древни бронзени статуи и добро сочувани саркофази откриени во Египет, пренесе CNN.
Најновото откритие означува прво и најголемо откопување на бронзени статуи од 5 век пред новата ера. Откриени се 150 статуи направени по пример на фараонските богови. Статуите се откриени во текот на египетски археолошки откопувања кои од 2018 година се вршат 28 километри јужно од Каиро.
Во соопштението се наведува дека археолозите пронашле бронзени садови за кои се верува дека се користени во ритуали поврзани со египетската божица на плодноста Исис.
Мисијата откри уште 250 саркофази во боја, со добро сочувани мумии, дрвени статуи, дрвени маски со златна боја и десетина фигури од мачки. Од периодот на Новото кралство, околу 15 век пред новата ера, пронајдени се бронзено огледало, нараквици, ѓердани, обетки и украси за тело.