Канадската компанија Bombardier го претстави новиот Global 8000, најбрзиот повеќе наменски патнички авион со најголем домет.
Авионот е со капацитет за транспорт на 19 патници, дометот на авионот изнесува 14.800 километри, а може да достигне брзина од 0.94 маха. Авионот ќе биде во функција од 2025 година.
Овие вести доаѓаат откако на тест летот Global 7500 го проби звучниот ѕид во текот на демомстрација во мај, минатата година.
„Global 8000 ги користи врвните карактеристики на Global7500 и на патниците им ветува врвен авион на новата ера“, изјави Ерик Мртел, директор на Bombardier.
Global 8000 е само еден од примерите за развој на суперсонични авиони. Минатата година United Airlines најави дека може да понуди суперсонични рути од 2029 година откако постигна договор за купување 15 суперсонични авиони.