Често се случува големите компании кои произведуваат различни технолошки уреди да бидат премногу ентузијасти кога зборуваат за перформансите на нивните претстојни производи. Меѓутоа, ретко се случува и една компанија да објави линија на нови процесори без да и претстави на јавноста перформанси помали отколку што е реално можно.
AMD направи такво нешто при најавата на новата серија процесори на последниот саем Computex. Сепак, порталот Notebookcheck сега пренесува малку поинакви детали.
AMD не откри премногу технички детали за време на својата последна презентација, па познато е дека серијата Ryzen 7000 ќе биде изградена во оптимизиран производствениот процес од 5 нанометри на TSMC.
Дополнително, познато е дека овие процесори ќе имаат интегрирано графичко решение способно за основни операции, но не за игри, како и поддршка за DDR5 работната меморија и PCIe 5.0 контролери. Дополнително, се очекува 1 MB L2 кеш по јадро, над 5 GHz максимално засилување за некои од најмоќните модели, како и подобрување од над 15 приценти за перформансите на поединечните јадра.
Се очекува и поддршка за стандардот Wi-Fi 6E, Bluetooth LE 5.2, до 4 HDMI2.1 порта и до два DisplayPort 2 излеза. Конечно, има поддршка за „SuperSpeed“ USB портови со максимална брзина од 20 Gbps.
AMD најави и за 15 отсто подобри перформанси за оние операции кои користат едно процесорско јадро, но според Роберт Халок од самата компанија, ова е само „умерена проценка“, која наведува дека резултатите можат да бидат многу подобри.