(Будва, 1 јуни 2022) Глобалниот пазар за дигитални плаќања се очекува да се зголеми за 50% и да достигне 12,55 трилиони американски долари до 2027 година (Global Forecast 2022-2027).
„Порастот на бесконтактните трансакции, е-трговијата, плаќањата преку паметни телефони и скенирање на QR кодови, како и зголемената популарност на биометриката, потврдуваат дека дигитализацијата не е само корисна дополнителна алатка за потрошувачите, туку витален дел од патот кон економско закрепнување.“ – беше заклучено на Регионалниот брифинг за медиуми одржан на 1 јуни како дел од традиционалниот форум за клиенти на Visa за Југоисточна Европа.
Владимир Ѓорѓевиќ, генерален директор на Visa за Југоисточна Европа, верува дека пандемијата значително ги забрза промените, но дека има трајно пренасочување кон дигитализацијата кое ќе трае подолго.
„Со понатамошна технолошка еволуција низ трговијата и движењето на парите, иновациите ќе продолжат да напредуваат во отворено окружување, што навистина ќе ја отклучи моќта и потенцијалот на дигиталните пари. Едно е јасно – иднината на парите е дигитална.
Во Visa, сведоци сме дека многу сопственици на картички и бизниси се одлучуваат за бесконтактна технологија – било да е тоа плаќање со картичка или дигитален паричник, или плаќања преку паметни уреди.
Ова доведе до лансирање на нови технологии како скорешното Visa Tap to Phone, дигитални паричници и нови практични начини за плаќање со паметни телефони.
Нашата мисија е постојан развој и постојано да нудиме практични и сигурни решенија за дигитално плаќање на сите потрошувачи во регионот. Заедно со нашите партнери, банките, ги поддржуваме и владите да го стимулираат растот на безготовински и дигитални економии.
Нашата цел на овогодинешниот Visa Client Forum е да идентификуваме како може да ги искористиме постоечките технологии и иновации за да ѝ помогнеме на регионалната економија да напредува.“ – истакна Ѓорѓевиќ.
Седум од десет (73%) од малите бизниси, според Visa Back to Business глобалното истражување, велат дека новите форми на дигитални плаќања се од фундаментално значење за нивниот раст.
Половина од анкетираните потрошувачи на глобално ниво (53%) очекуваат да се префрлат комплетно на безготовински плаќања во наредните 10 години.
Вера Платонова, виш потпретседател и менаџер на групацијата во Visa, CISSEE, истакна дека нов тренд на дигитални плаќања се забележува низ целиот свет, вклучително и регионот на ЈИЕ, кој исто така се движи кон безготовинска економија.
„Во Visa отсекогаш верувавме дека дигиталните плаќања се вградени во сите сектори на економијата и секојдневниот живот, ги воздигнуваат сите насекаде и им овозможуваат на бизнисите и на поединците да напредуваат. Многу сме среќни што гледаме значителен напредок во растот и пенетрацијата на дигиталните плаќања во регионот на ЈИЕ, што го постигна Visa заедно со нашите партнери – банките и трговците. Со нетрпение очекуваме да донесеме повеќе иновативни решенија, поддршка и технологии за нашите клиенти, како и повеќе придобивки и вредност за сите сопственици на картички“, сподели Вера Платонова, SVP, GCM, Visa, CISSEE.
Нов тренд на купување – Користење на паметен телефон како паричник
Денес, потрошувачите сè повеќе се склони кон процесите за наплата кои работат што е можно побрзо и помагаат да се избегнат долгите редици. Потрошувачите во регионот покажаа значителен интерес за мобилни плаќања, според регионалното истражување на Visa „Избирам дигитално“, наведувајќи ги практичноста, едноставноста и брзината како главни причини за користење на мобилни плаќања.
Во регионот на Југоисточна Европа, потрошувачите пројавуваат интерес да користат паметни телефони за плаќање. Лидер во регионот е Северна Македонија, со 36% од потрошувачите кои користат мобилни телефони за секојдневни трансакции. Во Србија речиси секој четврти граѓанин го користи својот паметен телефон за плаќање. Добри резултати бележат и Црна Гора и Босна и Херцеговина, при што 26 и 24% од корисниците плаќаат со мобилен телефон, додека во Албанија и Косово тоа е само 10%, односно 8% од испитаниците.
Прифаќање на плаќањa на паметни телефони
На крајот на 2021 година, Visa ја лансираше технологијата Tap to Phone на два пазари – Србија и Црна Гора. Оваа технологија ги трансформира паметните телефони со Android со NFC поддршка во мобилни POS терминали, елиминирајќи ја потребата од купување или изнајмување традиционални POS-терминали за трговците, со што се проширува опсегот на достапни алатки за дигитално прифаќање.
За да ја испита отвореноста кон новата технологија, Visa спроведе регионална студија „Дигитална трговија – на еден клик“ меѓу микро, малите и средните претпријатија во Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.
Испитаниците во Србија покажале највисоко ниво на интерес (70 %) за технологијата што овозможува прифаќање бесконтактно плаќање преку паметен телефон. Околу секој втор бизнис од Црна Гора (58%), Северна Македонија (53%) и Албанија (48%) е подготвен да го испроба, а нивото на интерес е единствено помало во Босна и Херцеговина (24%).
За компанијата Visa
Visa (NYSE: V) е светски лидер во дигитални плаќања, олеснувајќи ги трансакциите помеѓу потрошувачите, трговците, финансиските институции и владините ентитети низ повеќе од 200 земји и територии. Нашата мисија е да го поврземе светот преку најиновативна, најудобна, доверлива и безбедна мрежа за плаќање, овозможувајќи им на поединците, бизнисите и економиите да напредуваат. Дознајте повеќе на Visa.com.
За бизнис форумот за клиенти на Visa South East
Visa Forum е традиционален настан кој собира претставници од банкарскиот сектор, експерти за Visa од целиот свет, како и инспиративни надворешни предавачи. Целта на Форумот е воведување нови трендови и согледувања, споделување знаења, претставување примери од светот за безготовинска индустрија и вмрежување за идна соработка.
Оваа година Форумот ќе собере над 100 партнери, кои ќе споделуваат новости и информации за дигиталните производи, со цел да придонесат за подобро искуство на клиентите и потрошувачите.