Новата игра сега е достапна за уреди со iOS и Android оперативни системи, но и за PC. Целосно е бесплатна, се игра исклучиво онлајн и поддржува cross-play и cross-progression, што значи дека играчот може да напредува со истиот лик и на мобилната, и на компјутерската верзија на играта.
Има добро познати ликови како Necromancer и Barbarian, но достапни се и некои нови.
Looting ќе понуди повеќе развој на карактери и прилагодување. Контролите на Android и iOS се прилично лесни и едноставни, левата страна на екранот се користи за навигација, а десната за напади, магија и друго.
Контролите на PC првенствено се фокусирани на глувчето, но овој пат Blizzard го имплементира движењето WASD, како и контролите на копчињата од 1 до 4, додека за анпивки ќе се користи копчето Q.