Google најави нови промени во своите апликации за комуникација Duo и Meet. Со цел да се поедностави комуникацијата и да им се обезбеди на корисниците уникатно решение за деловна и приватна комуникација, компанијата наскоро ќе ги поврзе Duo и Meet во единствена платформа наречена – Google Meet.
Ова е еден од пазарите каде Google не е добро рангиран, па кога ќе се помисли на апликации за комуникација, Duo и Meet ретко паѓаат на ум. Според Хавиер Солтеро, првиот човек на Google Workspace, тоа би можело да се промени кога двете услуги ќе станат единствена услуга во која ќе го имплементираат најдоброто од двете апликации.
Додека Meet се покажа како посебно корисен за време на пандемијата и работа од дома, Duo е класична апликација за видео комуникација помеѓу две лица, па затоа повеќе се користи како на пр. FaceTime.
Основа за унифицираната платформа ќе биде мобилната апликација Duo, која по надградбата, покрај што ќе стане Google Meet, ќе добие и опции од актуелната апликација Meet, која може да ја очекуваме до крајот на годината. Актуелниот Meet ќе го промени своето име во Meet Original, па Google на крајот ќе го исклучи.
Во интервју за The Verge, Дејв Ситрон, директор за развој на производи во Google, објасни зошто се одлучиле на таква тактика. Тој рече дека мобилната апликација Duo е прилично софистицирана, особено „под хаубата“, што е најизразено на пазарите во развој каде мрежното поврзување е ретко или нестабилно. Од друга страна, Meet е многу поразвиена веб платформа, па затоа е основа за нов комбиниран систем.
Овој потег на Google, според технолошките медиуми, би можел да збуни многумина, но според Citron тоа е најдобриот начин на кој компанијата може да напредува на овој пазар.