Instagram планира да воведе нови функции, вклучително и продолжување на лимитот на траење на Reels видеата од 60 на 90 секунди, објави порталот Business Standard.
Платформата во сопственост на Meta објави дека зголемувањето на должината на снимките ќе им помогне на корисниците да го „изразат своето најавтентично „јас“ на Reels.
„Ќе имате повеќе време да споделите повеќе за себе, да снимате дополнителни клипови зад сцената, да копате подлабоко во нијансите на вашата содржина или што друго сакате да направите со тоа дополнително време“, објави компанијата во блог пост.
Instagram обхави и дека корисниците сега можат да импортирање сопствено аудио директно во Instagram Riles.
„Користете ја функцијата за импорт на аудио за да додадете коментари или врева во позадина од кое било видео, кое трае најмалку пет секунди на вашата камера“, велат од компанијата.
Новата функција ќе им овозможи на креаторите и да ја анкетираат својата публика за тоа што треба да се случи во нивното следно видео, за да можат самите да помогнат во обликувањето на приказната.