Еден од возбудливите аспекти на новиот рекорд за брзина на податоци е тоа што истражувачите го постигнаа со помош на мрежа со оптички влакна што не се разликува од оние што моментно се користат за интернет инфраструктурата.
Истражувачи во Јапонија остварија рекорна брзина за пренос на податоци од неверојатни 1,02 Pb/s. Истражувачите од Јапонскиот национален институт за информациска и комуникациска технологија NICT ја постигнале брзината со користење на кабли со оптички влакна, кои ќе бидат компатибилни со постојната инфраструктура.
Еден петабит е еднаков на 1 милион гигабити, што значи дека новиот рекорд е околу 100.000 пати побрз од апсолутно најбрзите брзини на интернет во домовите достапни за потрошувачите. Дури и NASA ќе има интернет со брзина од 400 гигабита во секунда, кога во 2023 година ќе се појави шестата генерација на ESnet6 (Energy Sciences Network).
При брзина од 1 петабит во секунда, теоретски би можеле да се емитуваат 10 милиони канали во секунда и тоа видео со 8К резолуција. За да го постигнат рекордот, истражувачите употребиле неколку нови технологии. Оптичките влакна што ги користеле имаат четири јадра, односно стаклени цевки кои пренесуваат сигнали, а широчината на појасот на пренос е проширена на рекордни 20 TH,z благодарение на технологијата позната како мултиплексирање со бранови должини. Таа широчина на појасот се состои од вкупно 801 канал на бранова должина распоредени во три појаси – вообичаено користеми C и L, како и експериментален S појас.
Истражувањето на јапонските научници беше претставено минатиот месец на Меѓунардоната конференција за ласери и електрооптика (CLEO) 2022.