Научниците од Универзитетот Стенфорд развија соларни панели кои функционираат и во текот на ноќта. Ова ќе ја елиминира потребата од батерии што се користат за складирање на електрична енергија.
Панелите ја апсорбираат сончевата светлина во текот на денот и на тој начин се загреваат. Во текот на ноќта тие ја зрачат акумулираната топлина, што се нарекува ладење со зрачење.
Ова создава разлика во температурата на постудените панели и потоплиот воздух. Употребата на овие панели подразбира употреба на термоелектричен генератор.
Станува збор за евтин уред кој температурните разлики ги претвора во електрична енергија. Може лесно да се инсталира и на постоечки панели.
Креаторите истакнуваат дека панелите генерираат помалку енергија во текот на ноќта, во споредба со количината создадена во текот на денот. Но, тие тврдат дека подобрувањата ќе го зголемат нивниот ефект за 20 пати.