Речиси е сигурно дека уредите во iPhone 14 серијата ќе имаат различни чипови
Apple веќе наиде на одредени проблеми во производството на iPhone 14 серијата поради локдаунот во Кина. Се чини дека ситуацијата е стабилизирана, па iPhone 14 серијата би требало да пристигне во деветтиот месец оваа година. Досега дознавме многу за уредите, а сега доаѓа и потврда на претходните шпекулации кои на многумина нема да им се допаднат.
Пред два до три месеца, познатиот дојавувач Минг-Чи Куо објави дека оваа година iPhone 14 серијата ќе донесе досега невидени разлики помеѓу Pro и обичните модели. Ова, пред сè, се однесува на чипсетот што ќе ги напојува.
Куо изјави дека iPhone 14 и iPhone 14 Max моделите ќе ги покренува истиот Apple A15 Bionic чип на кој работи актуелната iPhone 13 серија, додека iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max ќе пристигнат со новиот Apple A16 Bionic чип. Компанијата TrendForce сега ја потврдува оваа информација.
Минг Чи-Куо е доста точен кога се во прашање информациите за уредите на Apple, но сепак, можеби останува малку надеж дека тоа нема да биде така. Сепак, TrendForce известува дека за разлика од претходните години, само Pro верзиите на iPhone годинава ќе го користат најновиот процесор.
Причината за одлуката на Apple е веројатно недостатокот на чипови во целата индустрија, па Apple можеби нема да може да добие доволно од најновите процесори за сите модели. И кога веќе мораше да избира, секако ги избра Pro моделите да пристигнат со најновиот процесор.
Неодамна протече можниот датум за објавување на оваа серија. Наводно, тоа би можело да се случи на 13 септември 2022 година. Покрај iPhone 14 серијата, се известува дека Apple на истиот настан ќе претстави најмалку три нови паметни часовници, меѓу кои Apple Watch 8, евтиниот Apple Watch SE, како и Apple Watch Extreme Edition, кои првенствено ќе бидат наменети за спортисти и активности на отворено.
Покрај часовниците, на истиот настан би треба да бидат претставени и долгоочекуваните безжични слушалки AirPods Pro 2, кои ќе доаѓаат со нов дизајн и следната генерација на ANC (active noise cancellation).