PressReader е еден од најпознатите дигитални киосци, кој во својот каталог има повеќе од седум илјади светски дигитални списанија и весници. Клучната предност е што со една претплата добивате пристап до многу публикации, а има и неколку бесплатни списанија и весници…
Добар дел од современите весници, неделници и списанија им дозволуваат на своите читатели и претплатници да читаат дигитални изданија (некои се објавуваат исклучиво во дигитална форма), а оние кои се навикнати на ваков начин да консумираат весници и списанија, би можеле со оваа апликација да дојдат до посакуваното.
Имено, станува збор за дигитален киоск кој нуди пристап до повеќе од седум илјади различни светски списанија и весници и ви овозможува да ги читате на вашиот паметен телефон и таблет. Она што го прави PressReader посебно интересен е секако фактот дека со една претплата која чини 30 евра месечно за Premium издание, добивате пристап до голем број светски весници.
Со претплатата, можно е да се купуваат и индивидуални изданија во неговиот огромен каталог, а можно е да се најдат и спонзорирани пунктови за бесплатен пристап до некои публикации (обично тоа се хотели, ресторани, библиотеки итн.).
Сепак, постои и бесплатно издание кое овозможува бесплатен пристап до стотина весници и околу педесет списанија без надомест. PressReader може да се користи на до пет уреди, а посебно е корисно што дигиталните отпечатоци може да се прегледуваат во изворниот формат, додека читањето поединечни статии е специјално приспособено за помалите екрани.
Дигиталните списанија и весници можно е и да се преземаат за читање, па дури и кога нема достапна интернет конекција, PressReader ќе се погрижи да не се пропушти ниту еден број од омилените весници и списанија и навреме ќе потсети кога е достапно ново издание. Тука е и можноста за слушање на статии, додавање на книжни обележувачи и многу повеќе.
Мобилната апликација PressReader може да се преземе бесплатно преку Google Play на Android и App Store на iOS, но месечната претплата чини 30 евра.