Европската комисија уште во септември минатата година објави предлог за регулатива која ќе бара од производителите на мали електронски уреди да вградат исклучиво универзален USB-C приклучок за полнење.
Советот на ЕУ претходно годинава го поддржа USB-C како единствен стандард, а според Ројтерс, пратениците и претставниците на земјите на ЕУ ќе ја донесат конечната одлука во вторник (7. јуни). Упатените велат дека паметните телефони, таблет уредите и безжичните слушалки ќе мора да користат USB-C порт за полнење, а овој закон не може да биден заобиколен, со испорака на соодветен адаптер во кутијата.
Одредени застапници бараат и лаптопите да бидат вклучени во регулативите, но тоа значително би влијаело на производителите како Samsung и Huawei, кои веројатно ќе се спротивстават на тоа. Во секој случај, главниот „противник“ на единствениот стандард е секако Apple, но судејќи според информациите објавени од аналитичарот Минг-Чи Куо, iPhone 15 ќе биде прв смартфон на Apple со USB-C приклучок.
Извори за Ројтерс изјавија дека пратениците би можеле да побараат и поддршка за заеднички стандард за безжично полнење до 2025 година. Меѓутоа, некои земји и Комисијата на ЕУ бараат подолг преоден период од, како што велат, технички причини. Како и да е, се би требало да биде познато на 7. јуни.
Да потсетиме, намалувањето на електронскиот отпад поврзан со производството, транспортот и отстранувањето на полначите е главната цел за воведување универзален приклучок за полнење.



