Вселенското летало Шенжу-14 со тројца кинески астронаути беше лансирано од центарот за лансирање сателити Џиукван, во северозападната провинција Гансу.
Леталото Шенжу, што на кинески значи „божествен брод” ќе одведе тројца кинески астронаути на недовршената вселенска станица, каде ќе престојуваат шест месеци.
Командантот на мисијата Шенжу-14 Чен Донг (43) и членовите на екипажот Лиу Јанг (43) и Каи Ксуже (46) ќе живеат и работат на вселенската станица околу 180 дена пред да се вратат на Земјата во декември по пристигнувањето на екипажот на Шенжу-15.
Шенжу-14 ќе биде трета од четирите мисии со екипаж и седма од вкупно 11 мисии потребни за да се доврши вселенската станица до крајот на годината.
China on Sunday launched the crewed spaceship Shenzhou-14, sending three astronauts to its space station combination for a six-month mission. pic.twitter.com/5upGq4hAGc
— China Xinhua Sci-Tech (@XHscitech) June 5, 2022
Кина почна да ја гради својата вселенска станица во април 2021 година со лансирањето на Тианхе – првиот и најголемиот од трите модули на станицата. Во Тианхе, малку поголем од автобусот, ќе има живеалишта за астронаутите по завршувањето на вселенската станица во форма на буквата Т. Преостанатите два модула, лабораториските кабини Вентиан и Менгтиан, ќе бидат лансирани во јули и во октомври.
Екипажот на Шенжу-14 ќе помогне да се постават модулите Вентиан и Менгтиан и да се испита нивната функционалност.


