Судот во Австралија му наложи на Google да му плати на поранешен пратеник 715.000 австралиски долари (515.000 американски долари) затоа што не отстранил од содржината на видеото „безмилосна, расистичка, клеветничка, навредлива и злонамерна кампања“ на Јутјубер, поради која пратеникот бил избркан од полтиката.
Федералниот суд пресуди дека Alphabet, кој е сопственик на страницата за споделување видеа на YouTube, заработил со емитување две видеа во кои се напаѓа тогашниот заменик-премиер на Нов Јужен Велс, најнаселената австралиска држава, кои биле прегледани речиси 800.000 пати откако се поставени на крајот на 2020 година, пренесува Ројтерс.
Австралија размислува за закон за клевета за да испита дали онлајн платформите треба да бидат одговорни за клеветнички содржини хостирани или објавени од Јутјубери.
Google и другите интернет гиганти тврдат дека не е разумно да се очекува следење на сите објави.